По повод 10 години од триплетата на Интер со Жозе Мурињо еден од најважните играчи на тој тим Марко Матераци им се обрати на навивачите преку писмо кое клубот го објави на официјалната страна.
Матераци помеѓу другото објасни и зошто тимот доцнел на враќањето од Мадрид, од финалето. Како што откри Матераци за доцнењето на тимот „виновник“ бил македонскиот капитен Горан Пандев. Пандев по финалето против Баерн бил задржан на анти-допинг тест.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Морати тогаш беше среќен како мало дете. Сите едвај чекавме да се вратиме во Милано и да славиме со навивачите. За доцнењето е виновен Пандев. Мораше да оди на анти-допинг тест и се задржа, па можете да му се лутите него“, се пошетува Матераци.
Интер засега е единствениот италијански тим на кој му успеало во една сезона да ги освои Лигата на шампионите, Серија А и Копа Италија.