Дома Останати Кошарка НБА Тејтум испиша историја, но ѕвезда на вечерта беше Букер со 51 поен

Тејтум испиша историја, но ѕвезда на вечерта беше Букер со 51 поен


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Во изминатата вечер во НБА се играа 13 натпревари од кои има неколку моменти за издвојување.

Бостон продолжи да победува совладувајќи го Мајами со 134:121. Најефикасен во редовите на победничкиот тим беше Тејтум кој постигна 49 поени. За Бостон ова беше 14. победа во 15 натпревари. Тејтум одигра страшен натпревар со дабл-дабл од 49 поени и 11 скокови. Тој стана првиот играч во историјата на НБА кој на повеќе натпревари имал учинок од 45+ поени, 10+ скоквои и 8+ тројки.

Но, Тејтум не беше најефикасниот на вечерта. Девин Букер постигна 51 поен во триумфот на Феникс над Чикаго од 132:113.

До овие 51 поен Букер стигна за помалку од 31 минута, иако на паркетот беше вкупно 30 минути и 40 секунди. Исто така тој стана само вториот играч на Феникс кој на еден меч постигна 50+ поени, 5+ асистенции и 5+ тројки.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Филаделфија 113:85

Орландо – Атланта 108:125

Бостон – Мајами 134:121

Бруклин – Вашингтон 113:107

Њујорк – Милвоки 103:109

Минесота – Мемфис 109:101

Њу Орлеанс – Торонто 126:108

Оклахома – Сан Антонио 119:111

Денвер – Хјустон 120:100

Феникс – Чикаго 132:113

Јута – ЛА Клиперс 125:112

Сакраменто – Индијана 137:114

ЛА Лејкерс – Портланд 128:109

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Јанис со неверојатен дабл-дабл режираше голем пресврт, трипл-дабл за Јокиќ, одличен и Дончиќ

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ И во изминатата вече…