Дома Македонски спорт Мак ракомет Тешко ќе дојде Вардар до петтото место: Црвено-црните поразени во Португалија

Тешко ќе дојде Вардар до петтото место: Црвено-црните поразени во Португалија

Вардар денес претрпе пораз во важниот натпревар против Порто во Лигата на шампионите.

Денешниот натпревар Вардар одлично го започна и после голот на домаќините стигна до 1:3. Меѓутоа после тоа водство на Вардар следуваше пад во нашата игра и Порто стигна до 5:3. Вардар во тој момент намали на 5:4. Одново Порто направи +3. (7:4).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од тој момент повеќе се играше гол за гол и така беше се до 26. минута кога Шишкарев со еден убав гол го донесе Вардар на  -9 (10:9).

Вардар имаше само -1 најмногу благодарение на неверојатно Марко Кизиќ кој до тој момент имаше 9 интервенци и тоа поголемиот дел од нив беа чисти зицери. Ваков настап на еден голман на Вардар не сме виделе од поодамна.

Во последните секунди Вардар имаше напад за изедначување, меѓутоа не успеа да го реализира па Порто замина со предност од 11:10.

Вардар се одржуваше во живот само благодарение на Кизиќ кој првото полувреме го заврши со 9 одбрани и 47% одбранети удари.

Во вториот дел Вардар попушти, а Кизиќ повеќе не можеше да го одржува тимот. Шишкарев беше најрасположен меѓутоа тоа не беше доволно и Порто однесе победа, Русинот беше најефикасен со седум гола. Португалците на крајот славеа победа со 30:22.

Со овој пораз Вардар паѓа на шестото место на табелата и ако работите не се променат во последното кога Вардар дома ќе игра против Монпеље ќе оди на осминафинале против ПСЖ или Пик Сегеде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…