Дома Фудбал Тешка повреда на Нејмар🎥

Тешка повреда на Нејмар🎥

ПСЖ успеа да слави на гостувањето кај Сент Етјен (1:3), но победата остана во втор план поради повредата на Нејмар.

Во 83 минута еден противнички играч се обиде со лизгачки старт да му ја одземе топката, па Бразилецот го превитка зглобот.

Нејмар со носилки беше изнесен надвор од теренот, а првичните проценки се дека се работи за сериозна повреда на зглобот на ногата.

Доколку се повредени лигаментите на скочниот зглоб, тогаш ќе следува подолга пауза за Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Без бод пред последниот меч: Седлоски бара напад и реакција против Словенија

Македонија утре ја затвора дебитантската кампања во Б-дивизијата, а Седлоски бара поголема…