Дома Фудбал Тер Штеген: Никогаш не сме биле на ова ниво

Тер Штеген: Никогаш не сме биле на ова ниво

Шпанското првенство продолжува за десет дена, а Барселона својот прв натпревар после паузата ќе го одигра против Мајорка.

Еден од оние кои очекуваат многу во продолжение на сезоната, посебно во ЛШ, е голманот на Барса, Тер Штеген.

„Психички, мислам дека никогаш не сме биле на ова ниво. Реал Мадрид со сигурност нема да ни даде мир во Ла Лига. Кога станува збор за ЛШ, имаме шанса да поминеме во следната фаза.“ – изјави тер Штеген и додаде:

„Новиот фудбал очигледно ќе биде многу поразличен. Играње без навивачи воопшто не е убаво, но барем топката повторно ќе се тркала, а тоа е она што сите го сакаме.“

Останува да видиме дали Каталонците ќе ја покажат својата психичка спремност за која зборува голманот на Барселона.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатни бројки: Рамос е подобар од Фиго, Чави, Роналдињо и Зидан!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е жива легенда, иако е стопер, сепак се однесува ка…