Дома Фудбал Тен Хаг: Ќе бидеме подобри кога Каземиро и Роналдо ќе бидат во оптимална форма

Тен Хаг: Ќе бидеме подобри кога Каземиро и Роналдо ќе бидат во оптимална форма

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, беше задоволен од играта на тимот против Лестер и победата на гостински терен (0:1).

„Тоа е уште еден чекор напред и јас сум среќен поради тоа. Покажавме одличен дух. Имаше 11 играчи на теренот кои се бореа еден за друг и постигнаа прекрасен тимски гол. Има уште простор за напредок, но тоа е нормално во оваа фаза од сезоната“, изјави Тен Хаг.

„Кога Кристиано Роналдо и Касемиро ќе ја подобрат својата физичка кондиција, ќе биде уште подобро. Касемиро е навикнат на друго првенство. Тој постигна се, но сега тој е во друго првенство и мораме да му дадеме време да се адаптира. Ќе видиме како е Ентони по тренинзите и дали е подготвен за недела“, додаде тренерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јашароски со хет-трик за 22 минути, Илинден му даде шест гола на Перпарими

Илинден победи со 6-0 на гостувањето кај Перпарими, а Ален Јашароски ги постигна првите тр…