Дома Фудбал Тен Хаг си има свои „математики“: Не го признавам поразот од Тотенхем

Тен Хаг си има свои „математики“: Не го признавам поразот од Тотенхем

На Ерик Тен Хаг не му оди на клупата, а Холанѓанецот продолжува да изненадува и со изјавите на прес-конференциите.

Сега Тен Хаг истакна дека не го признава поразот од Тотенхем бидејќи ФА подоцна го поништила црвениот картон кој го добил Бруно Фернандеш во тој натпревар.

Тотенхем доминираше на „Олд Трафорд“ и победи 0:3 со головите на Џонсон, Кулушевски и Соланке.

„Не го признавам поразот, го игнорирам натпреварот против „спарси“ бидејќи останавме со 10 играчи при резултат 0-1… И потоа црвениот картон беше поништен. Целосно го игнорирам тој натпревар. „Не може да се напрви фер анализа на нашиот тим бидејќи бевме спречени да се вратиме од негативата“, изјави Тен Хаг.

Викендов својот натпревар Манчестер Јунајтед го игра утре на гости против Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…