Дома Фудбал Тен Хаг пресреќен: Игравме одлично, сите видовме што донесе Антони

Тен Хаг пресреќен: Игравме одлично, сите видовме што донесе Антони

Манчестер јунајтед врза четири победи во англиската Премиерлига по лошиот старт на сезоната, откако денеска славеше против Арсенал со 3-1.

Тренерот на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг е среќен што неговиот тим игра како што очекува и конечно почна да победува, па ги пофали новите засилувања.

„Арсенал играше добро, но нашата одбрана беше на висина на задачата. Игравме навистина добро. Сите можевме да видиме што ни донесе Антони.

Ме радува тоа што сите се браниме и ова е доказ дека тимот е на добар пат. Ова е само почеток, доаѓаат подобри денови за навивачите“, кажа Тен Хаг.

„Ѓаволите“ по шест меча имаат 12 бодови и се наоѓаат на петто место, односно има три бода помалку од Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борнмут го потопи Јунајтед: „Олд Трафорд“ се празнеше, опасната зона е на бод!

Манчестер јунајтед загуби со 0:3 пред своите навивачи и по осум кола има само седум бода. …