Манчестер Јунајтед славеше против Брентфорд со 2-1, а тренерот Ерик Тен Хаг не го криеше задоволството по мечот.
„Тензијата е секогаш тука затоа што мораме да победуваме на секој натпревар. Чувствувавме неправда и ја искористивме како гориво во второто полувреме. Ми се допадна како игравме во првиот дел, а особено во второто полувреме. Секоја победа е важна. Тимот повторно покажа единство и борбеност. Покажавме одлучност да постигнуваме голови и мислам дека тоа е она што ни треба. Кога постигнувате гол – победувате. Така ќе ја вратите вашата самодоверба“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Продолжуваме по нашиот пат, иако имавме лош старт на сезоната. Ова е само една победа, но мора да разбереме дека треба да победуваме на секој меч“, кажа Тен Хаг.