Дома Фудбал Тен Хаг незадоволен: Ако не можеш да победиш, барем немој да изгубиш

Тен Хаг незадоволен: Ако не можеш да победиш, барем немој да изгубиш

Подмладениот состав на Манчестер Јунајтед беше поразен во првиот припремен натпревар и во Трондхајм, Розенборг славеше со 1:0.

Домаќинот постигна гол во третата минута од судиското продолжение и така немаше време за гостите од Англија да се вратат. Стрелец беше Ноа Холм

Скоро цел тим на Јунајтед е на одмор поради учеството на фудбалерите на Европското првенство и Копа Америка, меѓутоа Тен Хаг по мечот порача дека одредени стандарди кога си во Манчестер Јунајтед секогаш мора да има.

„Резултатот не е во втор план. Секако, ова се припремни натпревари, но стандардот на Манчестер Јунајтед секогаш мора да биде победување, никако не смееме да губиме натпревари. Ако не можеш да победиш, барем немој да изгубиш. Изгубивме во последните секунди од натпреварот. Секако дека играта е поважна, но сега и таа беше под стандардите“, изјави Тен Хаг.

Овој натпревар беше прилика и за деби на Руд Ван Нистерлој како помошник на Тен Хаг во стручниот штаб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од „промашување“ до легенда: Денот кога Модриќ првпат погоди за Реал

На 3 ноември 2012 година Лука Модриќ го постигна првиот гол за Реал Мадрид. Тоа беше почет…