Дома Фудбал Тен Хаг најави големи промени: „Ќе преживеат само најсилните“

Тен Хаг најави големи промени: „Ќе преживеат само најсилните“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг јасно најави дека работите во овој клуб во наредниот период ќе бидат поинакви.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Една од промените е направена во медицинскиот дел на стручниот штаб, па се очекува играчите на Јунајтед да бидат покондициони – откако минатата сезона имаа речиси 70 повреди во првиот тим.

„Оваа сезона ќе биде опстанок на најсилните“, рече Тен Хаг, додавајќи:

„Сакам да го имам најсилниот можен тим. Веќе направивме двa добри трансфери, а кога сите ќе бидат подготвени, овој тим може да победи секого“, изјави Тен Хаг.

Ќе има уште засилувања, по доаѓањето на напаѓачот Џошуа Зиркзе и стоперот Лени Жоро.

Јунајтед секогаш бара можности да биде подобар, имаме рок до 30 август. Бараме да се засилиме на сите позиции, но ни треба план за да се убедиме дека сме во право“, додаде Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ сè уште нема одлука за својата иднина во Милан

40-годишниот играч за врска Лука Модриќ сè уште нема донесено конечна одлука за својата ид…