Дома Фудбал Англија Тен Хаг лут на новинарите: Пишувате лаги за мене

Тен Хаг лут на новинарите: Пишувате лаги за мене

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека е уверен во идниот успех на клубот и ги нападна новинарите на денешната пресконференција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се погласни се шпекулациите дека Тен Хаг ќе добие отказ по слабиот старт на Манчестер Јунајтед.

„Вревата доаѓа само од медиумите, од некои од вас кои измислуваат приказни и приказни, објавуваат лаги. Знам дека сме на иста страна со клубот. Го кажав тоа пред паузата, но некои новинари веројатно не ми веруваа. Во клубот е тивко и не се зборува за тоа“, изјави Тен Хаг.

„Пред нас е планина за искачување, но играме фудбал на највисоко ниво. Некогаш мора да се соочите со предивизици, но сигурен сум дека ќе имаме успехј како што имавме во последните две сезони. Гледам работи кои одат во добра насока. Сепак, позицијата на табелата во овој момент не е добра“, додаде Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Садио Мане заврши со репрезентацијата!

Откако репрезентацијата на Белгија го исфрли Сенегал, се огласи и Садио Мане. Како ПАМЕТНО…