Манчестер Јунајтед започнува нова ера со Ерик Тен Хаг и во таборот на „црвените ѓаволи“ се надеваат дека конечно тој ќе биде човекот кој ќе го врати Манчестер Јунајтед на победничките патеки.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Самиот Тен Хаг истакна дека знае дека во Јунајтед го очекува многу работа, а една од главните теми во медиумите е Кристијано Роналдо. Многу се пишуваше за тоа дали Португалецот ќе биде потребен, а ако судиме според последната изјава на холандскиот стратег изгледа ќе биде.




„Едвај чекам да работам со Роналдо, станува збор за страшен фудбалер. Сите знаеме што оствари до сега и мислам дека се уште е многу амбициозен. Секако дека сакам да задржам. И во изминатата сезона се виде дека е многу важен за тимот, неговата статистика беше одлична“, изјави Тен Хаг.




Сезонава Роналдо постигна 24 гола на 39 натпревари во сите натпреварувања, но тоа е слаба утеха за Јунајтед затоа што тимот во наредната сезона нема да игра ниту во Лигата на шампионите.