Дома Фудбал Тен Хаг ги загуби нервите и избега од пресконференцијата🎥

Тен Хаг ги загуби нервите и избега од пресконференцијата🎥

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг ги загуби нервите по синоќешното реми 2:2 со Борнмут и направи срамен потег.

Тој предвреме ја напушти пресконференцијата по натпреварот, одбивајќи да одговори на прашањето дали „црвените ѓаволи“ ќе го забележат својот најнизок пласман од почетокот на Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ во моментов се на седмата позиција, но ако продолжат со лошите резултати може да паднат уште подолу, што би бил најлошиот пласман на Манчестер јунајтед во Премиер лигата. 

„Не одговарам на вакви прашања. Тоа воопшто не е важно во овој момент“, рече холандскиот тренер и ја напушти пресконференцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбраната во 94. минута го круниса големиот меч на Димитриевски во Елче

Столе Димитриевски ја зачува мрежата во гостинскиот триумф на Валенсија со 1-0. Македонски…