Дома Фудбал Тензично во Џенова: Пресметка и по последниот судиски свиреж, Џеко во главната улога (ВИДЕО)

Тензично во Џенова: Пресметка и по последниот судиски свиреж, Џеко во главната улога (ВИДЕО)

Рома не успеа денес да дојде до триумф против Џенова.

Мечот беше завршен без победник, а големата нервоза беше видлива на теренот по последниот судиски свиреж.

Во главните улоги беа Един Џеко и Ервин Жукановиќ. Најпрво Џеко го смируваше дефанзивецот на Џенова, кој од некоја причина сакаше да се пресмета со противничките фудбалери, а потоа во судирот се најде и самиот Џеко.

Тој беше испровоциран од дефанзивецот на домашните, Армандо Изо. Паднаа тешки зборови и закани и сигурно двајцата добро ќе го запаметат овој меч, со оглед на тоа дека дека очекуваат санкции по ова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лазаревски со гол и асистенција во шестката на Престон, Стојановиќ го запре Штурм

Даниел Лазаревски и Јонас Марковски се запишаа меѓу стрелците за Престон, а Дејан Стојанов…