Дома Фудбал Тежок удар за Тотенхем: Дембеле аут до крајот на годината!

Тежок удар за Тотенхем: Дембеле аут до крајот на годината!

Играчот за врска на Тотенхем, Муса Дембеле ќе биде надвор од терените до Нова година поради повреда на лигаментите на глуждот.

31-годишниот белгиски репрезентативец предвреме го напушти теренот на мечот со Вулверхемптон викендов и го пропушти мечот со ПСВ во Лигата на шампиони.

Дембеле оваа сезона има 13 настапи за „спарси“, а добрата вест за Покетино е што Виктор Ваниама и Ерик Даер ги обновија тренинзите и наскоро ќе се вратат на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…