Дома Фудбал Тебас за реакциите на Реал за ждребот: Нели сакавте поинтересни натпревари?

Тебас за реакциите на Реал за ждребот: Нели сакавте поинтересни натпревари?

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас испрати мала провокација до Реал Мадрид после ждребот за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Како што е познато ждребот мораше да биде повторен поради техничка грешка. Во првата ждрепка Реал ја доби Бенфика, а потоа на повторената за противник го добија Пари Сен Жермен. Уште во најавата дека ждребот ќе биде повторен од Реал испратија реакции и сметаа дека се оштетени.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Можеби Реал е во право дека не требаше целата ждреба да се повтори. Не знам дали беше човечка или техничка грешка. Но, не ли сакаа поинтерсни натпревари. Ете, натпревар со ПСЖ сигурно е поинтересен отколку да се игра со Бенфика“, изјави Тебас кој секако алудираше на Суперлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Необичен момент од Шпанија: Не ја послуша вештачката интелигенција и тоа му донесе трофеј!

Реал Сосиедад го освои Купот на кралот, а претседателот на клубот откри интересен момент. …