Дома Фудбал Останато Творецот на чудото од Кнежеството доби отказ, француската легенда најсериозен кандидат да го наследи

Творецот на чудото од Кнежеството доби отказ, француската легенда најсериозен кандидат да го наследи

Португалецот ја плати цената за лошите резултати од почетокот на сезоната.

Тимот на Монако денес потврди дека досегашниот тренер Леонардо Жардим добил отказ.

Португалецот во Кнежеството стигна во летото 2014 година и направи огромен успех освојувајќи ја титулата во француското првенство пред две сезони, додека во Лигата на шампионите стигна до полуфиналето.

„Благодарен сум и горд што бев тренер на Монако четири години. Секогаш давав се од себе и работев со голема желба, остваривме големи победи кои секогаш ќе ги паметам“, изјави Жардим.

Монако започна катастрофално во Лига 1 и после девет кола во француската Лига 1 овој тим освои само шест бода и се наоѓа на 18-тата позиција во првенството. Во Лигата на шампионите од два натпревари освоија еден бод.

Засега како најсериозен кандидат за наследник на Жардим се споменува Тиери Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус за 50 милиони евра ќе го реши голманското прашање

Јувентус сè уште нема трајно решение за позицијата на голман. Се соочија со ограничен буџе…