Дома Останати Тајсон Фјури ја донираше целата заработка од мечот со Вилдер

Тајсон Фјури ја донираше целата заработка од мечот со Вилдер

0
fury

Британскиот боксер Тајсон Фјури го оддржа зборот и комплетната заработка од натпреварот со Вилдер ја донираше во добротворни цели.

Фјури пред натреварот кој се оддржа на 1. декември најави дека комплетниот износ кој ќе го добие ќе го донира за изградба на социјални домови во Велика Британија, што сега го оствари.

Во прашање е сума од околу седум милиони фунти, а околу тоа Фјури изјави:

„Ја донирав комплетната заработка, но не за да се промовирам. Им помагам на луѓето и не барам пофалби поради тоа.“

Фјури од борбата заработи два ипол милиони фунти, додека остатокот ги заработи од ТВ правата.

Сигурно дека во реваншот против Вилдер заработката ќе биде уште поголема, бидејќи има голем интерес за нова борба откако претходниот спектакуларен натпревар заврши нерешено.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Лејкерси прават „дрим-тим“: После Дејвис тргнуваат по Ленард

Раководство на Лос Анџелес лејкерс ќе се обиде во своите редови да го донесе еден од најдо…