Дома Фудбал „Тајмс“ со фантастични вести за Ливерпул: Салах од првата минута во реваншот!

„Тајмс“ со фантастични вести за Ливерпул: Салах од првата минута во реваншот!

Фудбалерите на Ливерпул утре го на гостински терен го играат реванш натпреварот од ¼ финалето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

„Црвените“ во првиот натпревар мината недела стигнаа до висока победа од 3:0 и така на големо си ја отворија вратата за полуфиналето од ова натпреварување.

Сепак, после натпреварот навивачите на Ливерпул беа загрижени за повредата на нивниот најдобар фудбалер Мохамед Салах.

Египќанецот го пропушти дербито против Евертон овој викенд и не се потврдуваше кога точно ќе се врати на теренот. Меѓутоа, според пишувањето на „Тајмс“, Салах ќе биде спремен да истрча на теренот веќе утре во реваншот.

Оваа вест секако ги израдува сите навивачи на Ливерпул бидејќи е јасно дека „црвените“ се многу посилни кога го имаат Салах во тимот. Сепај, се уште Ливерпул не се огласил со официјално соопштение и не потврдил дали Салах ќе биде во конкуренција за утрешниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга пак го совлада Вардар, Шкемби доби силен поттик пред Шкендија

Голот на Радески ѝ донесе на Струга победа од 1-0 кај Вардар. Бледи Шкемби го нагласи знач…