Голманот Татарушану беше еден од најзаслужните што Милан остана непоразен во вчерашното дерби против Интер.
Татарушану откако еднаш беше совладан од Чалханоглу од пенал, Интер во првото полувреме доби и втор пенал, но тогаш Лаутаро Мартинез не успеа да погоди. Голманот на Милан по натпреварот откри дека Лаутаро добро му бил анализиран.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Лаутаро добро го анализиравме со стручниот штаб затоа што тој е прв изведувач на Интер. Чалханоглу го познавам, но лошо беше што и тој ме познава мене. Секогаш правам се за да му помогнам на тимот, тренирам на највисоко ниво и тука сум кога е потребно“, изјави Татарушану.
Дербито во Милано на крајот заврши без победник 1:1.