Дома Останати Кошарка НБА Супер настапот на Јанис недоволен за победа на Милвоки, Атланта влезе во серија, трет пораз за Лејкерси 🎥

Супер настапот на Јанис недоволен за победа на Милвоки, Атланта влезе во серија, трет пораз за Лејкерси 🎥

И во изминатата вечер имаше возбудувања во НБА лигата каде што се одиграа повеќе натпревари.

Tимот на Милвоки го претрпе и вториот пораз сезонава откако дома беа поразени од Минесота со 108:113. 40 поени, 16 скока и 7 асистенции на Јанис Антетокумпо не беа доволни за актуелните шампиони да го избегнат поразот. Во редовите на Минесота Д’Анџело Расел беше најрасположен со 29 поени, 5 скока и 6 асистенци, а зад него следеше Карл Ентони Таунс со 25 поени и 7 скока.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Атланта успеа да влезе во серија победи откако беа подобри од Њу Орлеанс со 99:102. Трае Јанг беше првото име со 31 поен, 5 скока и 7 асистенции. Српскиот интернационалец Богдан Богдановиќ оствари учинок од 12 поени, 3 скока и 3 асистенции. Кај домаќините прво име беше Грам со 21 поен, 5 скока и 6 асистенции.

Оклахома се погрижи за третиот пораз во сезоната на Лос Анџелес Лејкерси 123:115. Ентони Дејвис беше првото име кај Лејкерси со 30 поени, 8 скока и 2 асистенци. Гилгус Александер на спротивната страна постигна 27 поени. Треба да се спомене дека Леброн не беше во составот на Лејкерси.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Орландо – Шарлот 111:120, Бостон – Вашингтон 107:116, Бруклин – Мајами 93:106, Њу Орлеанс – Атланта 99:102, Торонто – Индијана 118:100, Милвоки – Минесота 108:113, Оклахома – Лејкерси 123:115, Феникс – Сакраменто 107:110, Портланд – Мемфис 116:96, Клиперси – Кливленд 79:92.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…