Дома Фудбал Суле драстично ослабел и ги изненадил сите во Борусија со својата трансформација

Суле драстично ослабел и ги изненадил сите во Борусија со својата трансформација

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд значително ослабе и се врати во оптимална физика форма откако во текот на паузата вредно тренираше со личен тренер.

Стоперот во претходната сезона имаше проблеми со прекумерната тежина поради што и пред почетокот на сезоната доби јасна порака од Ларс Рикен и Себастијан Кел да се врати во вистинската форма.

Како што пренесува „Билд“, Суле во текот на паузатао слабел осум килограми благодарение на посебен план за тренинг и работа со личен тренер.

Во Борусија се задоволни и изгледа Суле добил дополнителна мотивација со доаѓањето на Нури Сахен на тренерската позиција. Пред Борусија, Суле играше за Хофенхајм и Баерн, а за Германија собра 49 настапи и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…