Дома Фудбал Останато Судот ги прогласи руските репрезентативци Кокорин и Мамаев за виновни!

Судот ги прогласи руските репрезентативци Кокорин и Мамаев за виновни!

Судот во Москва денес ги прогласи за виновни двајцата репрезентативци на Рисија, Кокорин и Мамаев како виновни за хулиганство и тепачка, пренесуваат тамошните медиуми.

Руските репрезентативци на 8 октомври 2018 година во едно кафуле во Москва претепаа владин функционер.

Мамаев и Кокорин во алкохолизирана состојба не само што го претепале Сергеј Гаисин туку и го уништија автомобилот на новинарката Олга Ушакова.

Обвинителството бара затворски казни и за помагачите на фудбалерите, Кирил Кокорин (брат на фудбалерот Александар) и Александар Протасовицки.

Кокорин и Мамаев се наоѓаат во затвор од 8 октомври минатата година, а нивните барања до судењето да бидат во домашен притвор беа одбиени.

Судот денес ги прогласи за виновни, а обвинителството бара 18 месеци казна затвор за Кокорин и 17 месеци казна затвор за Мамаев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италија се бори за подобра позиција во квалификациите за ЕУРО 2028

Италија има шанса да обезбеди подобра позиција за квалификациите за ЕУРО 2028 преку настап…