Дома Фудбал Останато Судијата од мечот Јувентус – Ајакс во мафијашка мрежа?

Судијата од мечот Јувентус – Ајакс во мафијашка мрежа?

0

Францускиот судија Клемент Турпин, кој го судеше натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Ајакс се најде во големи проблеми.

Весниот „Екип“ пренесува дека Турпин доживеал кражба на идентитетот и тоа од страна на криминалци кои пренеле големо количество дрога со автомобил Рено Лагуна , регистриран на Клемент Турпин.

Извесен дилер Мунир А. бил уапсен на 10 декември во Париз со уште три лица и обвинет за поседување големи површини на канабис. Кај нив било најдено и големо количество оружје, меѓу кои и ракетен фрлач и калашникови.Најдени биле и 650 000 евра во кеш, како и скапи часовници и облека.

Истрагата за мафијашите дошла и до судијата, а Турпин за француските медиуми изјави дека нема никаква врска со нив.

„Јас не живеам во Ноис–ле-Сек, немам станови или палати, немам никаква врска со овој случај“, изјави фудбалскиот судија.

Advertisements
    Прочитајте поврзани статии
    Load More In Останато

    Проверете

    Фотографија од натпреварот помеѓу Звезда и Партизан го обиколи светот (ФОТО)

    Фудбалерите на Црвена Звезда и Партизан вчера го одиграа финалето во Купот на Србија. Во и…