Напаѓачот на Атлетико, Луис Суарез смета дека му недостасува на неговиот поранешен тим Барселона оваа сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Дали сметам дека на Барса и недостасувам? Не, тие имаат свој тактички план. Морав да прифатам дека не сметаа на мене. Секој може да донесе свои заклучоци. Жал ми е што моите пријатели се во неволја сега. Не се чувствував непочитуван. Бев тажен и навреден од начинот на кој морав да ја напуштам Барселона. Но, горд сум што кога престанаа да ме бараат, најдов тим на кој сум му потребен“, истакна Суарез.
Уругваецот откри дека често разговара со Меси, но не разговараат за фудбал.
„Ние комуницираме многу често, но искрено кажано, зборуваме за личниот живот. И двајцата имаме деца кои скоро празнуваа роденден. Зборуваме за се друго, освен за фудбал“, истакна Суарез.