Дома Фудбал Суарез проговори: Еве што се случуваше зад затворени врати во случајот Нејмар

Суарез проговори: Еве што се случуваше зад затворени врати во случајот Нејмар

Бразилскиот фудбалер, Нејмар стана најскапиот играч во историјата на фудбалот по трансферот од Барселона во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нејмар по четири сезони одлучи дека е време да ја напушти Барселона иако неговиот договор пред тоа стапи на сила. ПСЖ ја активираше откупната клаузула од високи 222 милиони евра, а Бразилецот не се мислеше долго, па веќе следниот ден беше на претставување во Париз.

Познато е дека играчите на Барселона со денови преговарале со Нејмар да остане, но на крајот не успеаа. Еден од играчите кои сакаше Бразилецот да остане е Луис Суарез кој остана во добри односи со Нејмар. Но, на крајот ниту тој не успеа да го убеди.

„Нејмар ни фали на теренот, но и надвор од него тој е фантастично момче. Се забавувавме одлично додека беше тука и секогаш зрачеше со енергија. Тој сега игра за друг тим и тоа е негова одлука. Сакав да го убедам да остане бидејќи верувам дека Барселона е најдоброто место за него. Но, одлучи и тука не можев ништо“, истакна Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Прилично сум сигурен дека одиме дома…“: Селекторот на Шкоткса го прекина интервјуто за ББС после 23 секунди

Стив Кларк, селекторот на шкотската репрезентација, го прекина интервјуто за BBC само 23 с…