Дома Фудбал Суарез отворено: Три години во Барселона им зборував да доведат нова „9-ка“

Суарез отворено: Три години во Барселона им зборував да доведат нова „9-ка“

Луис Суарез е главна тема во Јужна Америка откако се приклучи на Уругвај во репрезентативниот дрес, медиумите се уште ги интересира ситуацијата во која се наоѓаше во Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Многумина сметаат дека Барселона се однесуваше некоректно кон Суарез, сега Уругваецот отворено зборуваше на оваа тема.

„Во Барселона бев шест години и никогаш не бев проблем за клуб. Напротив, јас три години им зборував да донесат нова „9-ка“, помлад играч кој би се адаптирал покрај мене. Никогаш не доведоа некој да ми биде моја конкуренција, секогаш бев на висина на задачата и одговарав на барањата на клубот“.

„Заслужив повеќе респект поради тоа што правев за клубот. Верувајте, јас се уште не знам дали одлуката да заминам е одлука на тренерот или раководството. Ако постигнам гол против Барселона нема да славам, но ќе покажам со прстот кон одредени луѓе“, изјави Суарез кој секако алудираше на одговорните лица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хорор повреда во Хондурас: На Бразилец му висеше зглобот, фудбалерите се држеа за глава (Вознемирувачко видео)

Страшни сцени го одбележаа натпреварот во Хондурас меѓу Оланча и Мотагуа, кога бразилскиот…