Дома Фудбал Страшна повреда на Германецот: Се здоби со скршеница на очната шуплина и вилицата (ВИДЕО)

Страшна повреда на Германецот: Се здоби со скршеница на очната шуплина и вилицата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Менхнегладбах за викендот го совлада Хановер со убедливи 4:1 во натпревар од 14-тото коло во германската Бундес лига.

Овој натпревар остана во сенка на тешката повреда на германскиот репрезентативец, Матијас Гинтер. Тој е еден од најдобрите поединци во екипата, но против Хановер се здоби со тешка повреда поради која ќе биде надвор од терените најмалку еден месец.

Имено, Гинтер во финишот од првото полувреме имаше жесток судир со противничкиот играч Баз после кој остана да лежи на теренот. После лекарските прегледи беше утврдено дека заработил скршеница на очната шупина и вилицата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда нема право на кикс: Интер од Андора доаѓа на „Маракана“

Црвена звезда го пречекува Интер Ескалдес во Конференциската лига, со обврска да освои бод…