Дома Останати Кошарка Страшна вечер во НБА: Вестбрук 46 поени, Дурант до трипл-дабл, Јокиќ стигна до дабл-дабл (Видео)

Страшна вечер во НБА: Вестбрук 46 поени, Дурант до трипл-дабл, Јокиќ стигна до дабл-дабл (Видео)

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа четири натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот на Оклахома оствари шеста победа во низа во НБА лигата. После Шарлот, Сакраменто, Лејкерси, Кливленд и Бруклин овој пат падна Вашингтон со 121:112. Фантастичен во оваа победа беше Расел Вестбрук кој натпреварот го заврши со 46 поени, шест скокови и исто толку асистенции.

Неговиот соиграч Адамс стигна до дабл-дабл (12 поени и 10 скокови) додека во редовите на Вашингтон одличен беше Бил со 41 поен и 12 скокови, Вал натпреварот го заврши со 21 поен и 12 асистенции. Но, сепак тоа не беше доволно да го избегнат четвртиот пораз во последните пет меѓусебни натпревари.

Актуелниот шампион Голден Стејт ја совлада Минесота со 126:113 и така стигна до шестата победа во последните седум натпревари. Во овој натпревар своја вечер имаше Дурант кој стигна до трипл-дабл (28 поени, 11 асистенции и 10 скокови), додека во редовите на Минесота најдобар беше Тоунс со 31 поен и 11 скокови.

Втора победа во низа запиша и Сакраменто на Флорида против Мајами каде што славеше со 89:88. Мајами имаше 10 поени предност во последните седум минути (81:71), но Кингси успеаа да се вратат и на крајот да слават со поените на Де’Aрон на три секунди пред крајот. Најдобар во победничкиот тим беше Хиелд со 24 поени, додека Рендолф стигна до дабл-дабл  (10 поени и 10 скокови).

Трет пораз во низа доживеа Њу Јорк овој пат од Денвер со 118:130. Харис со 23 поени и Јокиќ со дабл-дабл (18 поени и 19 асистении) ги разбија Никси, кои беа предводени од Бесли со 21 поен и Бурк со 18 поени и 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хаос во Њујорк по освоената титула – навивачите го демолираа градот (Видео)

Титулата по 54 години предизвика огромна еуфорија меѓу навивачите на Њујорк Никс, но славј…