Дома Останати Кошарка НБА Страшен Јокиќ за триумф на Денвер, дабл-дабл за Дончиќ

Страшен Јокиќ за триумф на Денвер, дабл-дабл за Дончиќ

Никола Јокиќ одново одигра фантастичен натпревар за Денвер и беше во центарот на вниманието против Клиперси. Нагетси овој натпревар го добија со 130:128.

Јокиќ постигна 49 поени и оствари-трипл-дабл, во продолжението оствари асистенција за победа. Иако беше помеѓу двајца играчи Јокиќ најде начин да му асистира на Гордон за голема радост на неговиот тим.

Покрај тие 49 поени, Јокиќ додаде уште 14 асистенции и 10 скока за 41 минута на теренот. За Јокиќ ова беше деветти трипл-дабл сезонава и со 66 го надмина Џејмс Харден на вечната листа. Пред него сега е Вилт Чембрлен на шестата позиција со 78-трипл-дабли. Во редовите на Клиперси најефикасен со дабл-дабл беше Хрватот Зубац со 32 поени, 10 скокови и 3 асистенции.

Фантастичен беше и Лука Дончиќ во триумфот на Далас над Торонто. Дончиќ за својот тим уфрли 41 поен, запиша 14 скока и подели 7 асистенции. Сиакам кај Торонто постигна 20.

Лејкерси само што влегоа во добра форма, одново ги разочараа навивачите. На домашен терен беа совладани од Индијана со 104-111. Сабонис во победничкиот тим оствари трипл-дабл со 20 поени, 12 скока и 10 асистенции. Леброн кај Лејкерси оствари учинок од 30 поени и 12 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Орландо 123:110

Вашингтон-Бруклин 118:119

Атланта-Минесота 134:122

Бостон-Сарлот 102:111

Мајами-Портланд 104:92

Чикаго-Кливленд 117:104

Милвоки-Мемфис 126:114

Далас-Торонто 102:98

Сан Антонио-Оклахома 118:96

Јута-Хјустон 111:116

Денвер-Лос Анџелес Клиперси 130:128

Сакраменто-Детроит 131:133

Лос Анџелес Лејкерси – Индијана 104:11

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Шоу на Батлер, Мајами се избори за мајсторка со Бостон!

Eкипата на Мајами славеше со 111:103 на гостувањето кај Бостон и така изедначи на 3:3 во ф…