Дома Фудбал Стоперот на Интер откри кој е најдобар напаѓач против кого играл и го „боцна“ Роналдо

Стоперот на Интер откри кој е најдобар напаѓач против кого играл и го „боцна“ Роналдо

Oва лето Интер помеѓу останатите засилувања го ангажираше и стоперот од редовите на Лацио, Стефан Де Фрај.

Во пресрет на новото коло во италијанското првенство Де Фрај беше запрашан и со ситуацијата во најголемиот ривал на Интер, Јувентус.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Де Фрај како што самиот истакна бил изненаден од трансферот на Роналдо во Италија, потенциршае дека тоа е добра работа за италијанското првенство, но за него Роналдо не е најдобриот напаѓач против кого играл.

„Искрен да бидам, мислев дека од тоа нема да има ништо. Неговото доаѓање значи многу во секој поглед. Играв еднаш против него во натпревар помеѓу нашите репрезентација. Натпреварот заврши 1:1, а тој постигна гол во финишот после еден корнер“.

„Дали тој е најдобриот напаѓач против кој сум играл? Не, за мене тоа Килијан Мбапе“, изјави Де Фрај.

Ќе потсетиме, Интер во рамките од четвртото коло во италијанското првенство ќе се сретне против екипата на Парма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Колку пари заработи Челси со пласманот во финале на Светското клупско првенство?

Челси стигна до финалето на Светското Првенство за клубови, додека се ближат до освојување…