Дома Фудбал Стокласа: Тешко ќе ја победиме Македонија има одлични фудбалери

Стокласа: Тешко ќе ја победиме Македонија има одлични фудбалери

Македонската фудбалска репрезентација утре го игра натпреварот против Лихтенштајн во рамки од квалификациите за Светското првенство.

На денешната прес-конференција пред натпреварот селекторот на Лихтенштајн, Мартин Стокласа испрати пофалби за нашата репрезентација.

„Ќе биде многу тешко да ја победиме Македонија бидејќи таа селекција покажа дека може да биде многу конкурентна и против многу посилни репрезентации. Треба да се бориме силно од првата минута, исто како и против Романија во Букурешт. Од првата минута, од голманот до напаѓачот сите треба да бидат на максимално ниво во текот на целиот натпревар“.

„Нашите фудбалери се во добра форма, а имаме и неколкумина млади фудбалери кои можеби ќе добијат шанса. Ја анализиравме нивната игра на претходните три натпревари. Македонија има одлични фудбалери, Алиоски, Елмас…фаворити се, но наше е да изиграме и да се надеваме на нов позитивен резултат“, изјави Стокласа.

Натпреварот против Лихтенштајн го играме утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Динамо гледа кон европска пролет: уште една победа може да биде доволна

По триумфот кај Сандерленд, загрепчани се поблиску до нокаут-фазата во Лига Европа. Проекц…