Дома Фудбал Останато Стигна потврдата: УЕФА го суспендира Самир Насри на една година!

Стигна потврдата: УЕФА го суспендира Самир Насри на една година!

Официјално ќе биде во понеделник, но шпанска „Марка“ што туку објави дека поранешниот француски репрезентативец и фудбалер на Манчестер Сити и Арсенал, Самир Насри не ќе може да игра фудбал една година.

Насри е суспендиран од страна на Дисциплинската комисија на УЕФА на една година и поради не може да потпише договор со Лас Палмас, ниту пак со било кој друг клуб.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак, Французинот може да биде среќен, бидејќи ова е преполување на првобитната одлука од две години колку што бараше арбитражниот суд во Лозана.

Да потсетиме, Насри во текот на Божиќ 2016 година, додека настапуваше за Севиља направи бројни третмани на една приватна клиника, а органите на УЕФА ова го карактеризираа како допинг.

Помеѓу останатото, на Насри му биле вбризгувани имунолошки средства во организмот под изговор дека дехидрирал во тешките настапи за Севиља, но овие наводи беа отфрлени како аргумент.

На почетокот на 2017 година, од страна на етичката комисија на УЕФА му беше доделена суспензија од две години, но потоа на 31 март Насри поднесе жалба која делумно беше усвоена на сослушувањето во Лозана на 25 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи го наградува Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блеска оваа сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдоб…