Дома Топ вести Стигна на „Олд Трафорд“ како големо засилување – Мурињо го „пречкрта“ после само една година

Стигна на „Олд Трафорд“ како големо засилување – Мурињо го „пречкрта“ после само една година

Минатата година пристигна како големо засилување на „Олд Трафорд“ и во вториот дел од сезоната даде голем допринос во освојување на Европа Лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, оваа сезона Хенрих Михтарјан игра под сите очекувања, одигра неколку слаби натпревари, па во последно време не е ни во конкуренција за првиот тим.

Мурињо му замерува дека неговата игра „паднала“ во сите сегменти и поради лошата форма е надвор од првиот тим.

Англиските медиуми тврдат дека Михтарјан на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“, особено поради фактот што „Специјалниот“ сака да донесе едно големо засилување на таа позиција.

Неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд внимателно ја следи ситуацијата и ќе се обиде да го врати во своите редови, како што во минатото направи со Кагава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…