Дома Фудбал Стигнаа првите резултати од лекарските прегледи после повредата на Азар

Стигнаа првите резултати од лекарските прегледи после повредата на Азар

Еден Азар не го одигра до крај натпреварот Реал Мадрид – ПСЖ од 5. коло поради повреда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгијанецот заработи силен удар во зглобот на десната нога и мораше да го напушти теренот, а на негово место влезе Герет Бејл.

Резултатите од првите лекарски прегледи се оптимистични и не се работи за сериозна повреда, а во текот на денот ќе бидат извршени дополнителни тестови за подетално да знаат за што се работи.

Кралскиот клуб е особено загрижен што станува збор за зглобот во кој на Азар му беше вградена метална плоча во 2017. година по повредата заработена во репрезентацијата на Белгија.

Повредата доаѓа во незгодно време и за играчот и за Кралевите. Ел Класико е на програмата на 18 декември, а настапот на Азар во тој натпревар е под знак прашалник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар го доби терминот за дуелот против Купс во ЛШ

Вардар го одбројува времето до европскиот старт во новата сезона, а веќе е потврден и терм…