Meнаџерот на Њукасл Стив Брус призна дека Манчестер Сити бил подобар тим во натпреварот кој вчера заврши со победа на „граѓаните“ од 3:4.
Сити и Њукасл одиграа одличен натпревар на крајот славеше тимот на Гвардиола кој сезонава стигна до третата титула во последните четири екипи, а екипата на Брус обезбеди опстанок после тешкиот период.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Најголемиот комплимент кој можам да го кажам е дека против нив е навистина тешко да се игра. Се случува во голем дел од натпреварот да не добиете шанса да шутнете на нивниот гол, толку се добри во поседот на топката“, изјави Брус.
Њукасл успеа да постигне три гола против новиот шампион, дури и водеше со 3:2, но сепак на крајот тие беа поразени.
„Нашиот контранапад одлично функционираше, но ја плативме цената на лошата одбрана. Против Сити морате многу подобро да се браните. Многу подобро“…свесен е поранешниот англиски дефанзивец и долгогодишен капитен на Манчестер Јунајтед.
🎙 Steve Bruce on tonight's narrow defeat at St. James' Park.
— Newcastle United FC (@NUFC) May 14, 2021
"The one thing we needed to do was defend better. We've taken the lead a couple of times so we need to defend better. They're such a good side but it's disappointing that we didn't take anything from it." pic.twitter.com/pKVzqZJWyW