Дома Останати Кошарка НБА Стеф Кари го одведе Голден Стејт до новата шампионска титула!

Стеф Кари го одведе Голден Стејт до новата шампионска титула!

Тимот на Голден Стејт е нов НБА шампион откако во шестиот натпревар од серијата го победија Бостон со 103:90 за конечни 4:2.

За Вориорси ова е четврта титула во последните осум години и седма во нивната историја, со овои седум титули станаа трета најуспешна франшиза зад Бостон и Лејкерси кои имаат по 17.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


На теренот најдобар и овој пат беше Стеф Кари кој го предводеше својот тим со седум скока, седум асистенции и две украдени топки, Сосема заслужено беше прогласен и за МВП во финалето.

Со оваа награда Кари влезе во историја како еден од 11 играчи кои стигнале до МВП признанието во регуларниот дел од сезоната, финалето и Ол-Стар натпреварите. Исто така стана седмиот играч кој има најмалку четири титули и две награди МВП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…