Дома Фудбал Стерлинг: Беше чист пенал!

Стерлинг: Беше чист пенал!

Англија вчера ја победи Данска и така обезбеди пласман во финалето каде што ќе игра против Италија.

После победата за Англија главна тема во фудбалскиот свет е досудениот пенал во продолженијата.

Рахим Стерлинг изнуди најстрога казна која во најмала рака е спорна. Освен тоа таа акција требаше да биде и прекината затоа што на теренот се најдоа две топки.

Стерлинг убедува дека бил фаулиран и дека имало пенал.

„Чист пенал! Влегов во шеснаесетникот, тој ја испружи ногата и беше очигледен пенал. Не ги разбирам сите што се бунат и критикуваат“, изјави Стерлинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Балдини со татковски совет до Камарда: Головите не смеат да ти станат опсесија

Селекторот на Италија до 21 година откри како му помага на младиот напаѓач на Милан, а за …