Дома Фудбал Останато Стариџ не го исполнил ветеното: Тој е лажго!

Стариџ не го исполнил ветеното: Тој е лажго!

1

Поранешниот напаѓач на Ливерпул Даниел Стариџ не го исполнил ветеното.

Стариџ не го продолжи договорот бидејќи не беше задоволен од минутажата на „Енфилд“, но се уште не донел одлука каде ќе ја продолжи својата кариера.

Овој 29 годишен напаѓач се уште се наоѓа на одмор, а во Лос Анџелес доживеа една непријатност. Имено, тој остана без своето куче. Се сметаше дека истото е украдено, меѓутоа тоа само побегнало.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул понуди награда од 20.000 фунти за оној кој ќе му го пронајде кучето. Сега се покажа дека Стариџ лажел. Неговото куче некој го пронашол, а тој не го исполнил она што го ветил.

„Јас и мојот внук го пронајдовме кучето Луси и не добивме никаква награда. Тој е лажго“, напиша корисник на Твитер во Лос Анџелес кој го сретнал кучето на Стариџ.

Покрај тоа Кил Фејм кој е рапер и кој го пронајде кучето порача дека фудбалерот дури не се ни заблагодарил како што треба и кога дошол да си ја земе Луси се задржал само неколку минути.

Стариџ баш и не го интересираа критиките од бројни други музичари од Лос Анџелес, па и си објави видео на кое си игра со своето милениче.

 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Роналдо не е повикан за мечот со Аталанта

Тоа што се најавуваше сега доби и официјална потврда, Кристиано Роналдо го пропушта мечот …