Дома Останати Тенис Стариот „Ноле“ се врати: Ѓоковиќ го прегази Андерсон и го освои Вимблдон!

Стариот „Ноле“ се врати: Ѓоковиќ го прегази Андерсон и го освои Вимблдон!

0

Сите кои се сомневаа во Новак Ѓоковиќ и сметаа дека неговото време е минато, денес се демантирани. Најдобриот српски тенисер го освои Вимблдон, четврти пат во кариерата.

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денес стигна до 13-та Гренд слем титула, а четврта на еден од најпрестижните турнири.

Ѓоковиќ во финалето го совлада Кевин Андерсон со резултат 3:0 (6:2, 6:2, 7:6) и така за прв после две години освои трофеј на еден Грен слем турнир.

Србинот не можеше ниту да посака подобар почеток во финалето на Вимблдон. Првиот и вториот сет како да беа пресликани. Со по два брејка во двата, Ѓоковиќ направи солидна предност која Андерсон не можеше да ја стигне до крајот иако во третиот сет прикажа многу подобра игра.


Следете го Sportski.mk и на


Јужноамериканецот доцна се разбуди, а тоа придонесе само да видиме неизвеснот во третиот сет кој на крајот му припадна на Новак после тај-брејк.

Во тај-брејкот Новак покажа ментална силна и после два минибрејка поведе со 5:1 што се покажа како доволно за освојување на сетот и триумф во финалето.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Барди самоуверено за „АС“: Шутирам подобро од Кристиано Роналдо

Енис Барди минатата сезона покажа дека е мајстор за слободни удари, а така продолжи и во н…