Црвена Звезда вчера загуби од Хофенајм со 0-2 на гостински терен во првото коло од групната фаза во Лига Европа.
Тренерот на српскиот тим, Дејан Станковиќ во 64. минута доби црвен картон, зашто вербално го нападна судијата при првиот погодок на Германците, но Србинот најде начин како да го предводи својот тим.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Станковиќ го искористи фактот што на трибините немаше многу публика, па се качи и од таму ја предводеше својата екипа.
Исто така, поранешниот легендарен фудбалер им даваше совети на фудбалерите и во тунелот на стадионот, а со помош на таблет објаснуваше како неговите избраници треба да играат до крајот на натпреварот во Германија.
