Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Стадионите во Катар ќе се преуредат во болници, хотели, трговски центри…

Стадионите во Катар ќе се преуредат во болници, хотели, трговски центри…

Светското првенство во Катар заврши во неделата со спектакуларно финале помеѓу Аргентина и Франција, кое „гаучосите“ го добија после изведување на пенали.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со 172 погодоци во 64 натпревари, ова светско првенство беше најефикасно во историјата, а со нешто повеќе од 3,4 милиони гледачи на стадионите беше третиот најгледан турнир од 1930 година.

Катар за потребите на ова првенство инвестираше вкупно 220 милијарди долари, од кои 6,5 милијарди се потрошени на стадионската инфраструктура.

Светското првенство се играше на 8 стадиони, но дури седум ќе бидат користени во други цели откако ќе заврши Азискиот фудбалски куп што ќе се игра следната сезона.

На најголемиот стадион „Лусаил Ајконик“, на којшто се играше финалето меѓу Аргентина и Франција, ќе му биде намален капацитетот и ќе биде преуреден во станбено-деловен комплекс во кој ќе има и болница, училиште, трговски центар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Големо враќање: Серхио Бускетс повторно е во Барселона!

Серхио Бускетс официјално се враќа во Барселона, но овој пат не како играч, туку како трен…