Дома Фудбал Срушен летниот рекорд! Астон Вила ја договори сензацијата на позицијата лев бек

Срушен летниот рекорд! Астон Вила ја договори сензацијата на позицијата лев бек

Холандскиот фудбалер Јан Матсен е нов играч на Астон Вила, соопшти синоќа клубот од Бирмингем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Матсен (22) доаѓа во Астон Вила од Челзи за 35 милиони фунти, објави Би-Би-Си, што е најскапиот трансфер во летниот преоден рок досега.

Од јануари до мај оваа година тој беше на позајмица во Борусија Дортмунд каде остави навистина фантастичен впечаток, но Челзи реши да го продаде за да ги „испегла“ финансиските документи.

Холандскиот фудбалер моментално е со националниот тим на Европското првенство во Германија.

Во својата кариера настапуваше за Чарлтон, Ковентри и Барнли.

Астон Вила минатата сезона заврши на четвртото место во Премиер лигата, а од септември ќе игра во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најдобриот играч на Парагвај прв во историјата доби црвен картон со новото правило на ФИФА

Врвниот фудбалер на Парагвај, Мигел Алмирон, стана првиот играч кој во историјата доби црв…