Во првото коло од групата Ц на Лигата на шампионите на Сантијаго Бернабеу вчера, Реал го победи дебитантот во елитното натпреварување Унион Берлин со голот на Џуд Белингем во 94. минута. Беше вистинска опсада на голот на германскиот тим, имаше шанси, но данскиот голман на Берлин Ронов го одигра натпреварот на својот живот. Сепак, ниту тој не можеше да го спречи неверојатниот Англичанец кој се покажа како фантастична аквизиција за Реал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го држеше пресот пред натпреварот од Лига Европа против ЛАСК, кога му го покажаа мобилниот телефон на кој го видел голот на Белингем. Реакцијата на Германецот доволно зборува.
⚽😂 Klopp reacciona al gol de Bellingham en plena rueda de prensa pic.twitter.com/3TBGdzW35d
— Diario AS (@diarioas) September 21, 2023
Белингем летово дојде во Реал Мадрид од Борусија Дортмунд во трансфер вреден 103 милиони евра, но веќе е јасно дека вреди секој цент. На шест натпревари во дресот на Реал Мадрид собра шест гола и една асистенција.