Дома Фудбал Репрезентации Србија на Англија и „украде“ талент на Манчестер Јунајтед!

Србија на Англија и „украде“ талент на Манчестер Јунајтед!

Фудбалскиот сојуз на Србија успеа да го добие талентот на Манчестер Јунајтед Едвард Ибровиќ-Флечер.

Станува збор за момче кое има само 15 години, но е еден од поголемите таленти во школата на клубот од „Олд Трафорд“. Тој настапува за екипата до 15 години на гигантот од „Олд Трафорд“, а сега избра во иднина да го носи дресот на селекцијата на Србија.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Секторот задолжен за следење на младите фудбалери во Србија и странство успеал да заврши голема работа, меѓутоа треба да се знае дека се додека фудбалерот не настапи на официјален натпревар за сениорската репрезентација може да ја промени репрезентацијата.

Инаку младиот Едвард Ибровиќ-Флечер подолг период е на радарот на Србија и во овој момент настапува за младинскиот тим на Јунајтед, а игра во средниот ред и е висок 177 сантиметри. Интерес за него имаше и од англиската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ваква во овој момент изгледа нокаут фазата на ЕП – левата страна е застрашувачка

Откако го дознавме исходот во четири од шесте групи на Европското фудбалско првенство, поз…