Дома Фудбал Останато Србин прифати да игра за репрезентацијата на Косово!

Србин прифати да игра за репрезентацијата на Косово!

Предводниците на Фудбалската федерација на Косово се пофалија дека го добиле првиот играч кој ќе игра за нивната репрезентација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


17 годишниот Илија Ивиќ од Грачица е првиот Србин кој ќе заигра за репрезентација на Косово. Ивиќ се очекува да заигра за младинската селекција. Тој е играч на Фљамуртари и неодамна стави потпис на првиот професионален договор.

„Среќен сум што ќе играм и тренирам со сениорите на Фљамуртари, а и повикот во репрезентацијата за Косово ми значи. Тоа е доказ дека добро работам“, изјави Ивиќ.

Неговото прифаќање на повикот од репрезентацијата на Косово сигурно ќе предизвика негативни реакции во српската јавност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …