Дома Македонски спорт Мак фудбал Србинот Столица го презема кормилото на Вардар?

Србинот Столица го презема кормилото на Вардар?

0

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар е во потрага на нов тренер, а од соседството пристигнуваат вести дека тоа може да биде српскиот тренер Илија Столица.

Имено, српските медиуми пренесуваат дека Столица после неуспешната авантура во Олимпија Љубљана би можел да го преземе кормилото на Вардар.

Планот на градските власти е да ја преземат контролата над Вардар, кој се наоѓа во големи финансиски проблеми откако Сергеј Самсоненко престана со финансиската помош.

Доколку тоа се случи, тогаш легендарниот голгетер на Вардар, Дарко Панчев, ќе ја преземе претседателската функција на најтрофејниот македонски клуб, а Столица ќе стане нов тренер на црвено-црните.


Следете го Sportski.mk и на


Столица пред Олимпија Љубљана со успех ги водеше српските клубови Вождовац и Војводина.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Футсал репрезентација во група со Албанија, Грција и Сан Марино

Репрезентацијата на Македонија во футсал денес во претквалификациската група за пласман на…