Дома Фудбал Останато „Спорт Клуб“ за Премиер лигата плаќал 12 милиони евра, „Арена“ ги добила правата за – 100 милиони евра годишно!?

„Спорт Клуб“ за Премиер лигата плаќал 12 милиони евра, „Арена“ ги добила правата за – 100 милиони евра годишно!?

Вистински „бум“ предизвика во регионот веста дека Премиер лигата последна сезона ќе ја гледаме на „Спорт Клуб“, а од наредната таа ќе се пресели на „Арена Спорт“.

По оваа вест од „Спорт Клуб“ обвинија за вмешаност на претседателот Александар Вучиќ, а сега директорот Немања Сименуновиќ тврди дека не е можно цената од 100 милиони евра по сезона да биде исплатлива.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„За Премиер лигата плаќавме 12 милиони евра и тоа беше најскапата содржина. Права на пренос на Премиер лигата „Спорт Клуб“ има до септември 2022 година.

Тој процени дека е невозможно цената од 600 милиони евра за шест години колку што според информациите платила агенцијата „Бета Телоком“ да биде исплатлива затоа што земји со многу повеќе жители платиле неколку пати помалку од „Телеком“.

„Германија, Австрија и Швајцарија заедно платија 25 милиони евра по година. Една Франција која е најскапа по територија плати 40 милиони евра“, истакна Симеуновиќ.

Претходно од „Спорт Клуб“ излегоа со соопштение дека тие понудиле 35 милиони евра за правата на Премиер лигата и во тоа соопштение се истакнуваше дека и таа сума ја сметале за преголема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…