Дома Македонски спорт Спортски активности и дружба со децата со Даунов синдром

Спортски активности и дружба со децата со Даунов синдром

Сојузот на спортски федерации во соработка со Агенцијата за млади и спорт организираше дружба со децата со Даунов синдром.

Спортските активности беа дел од настанот на кој директорот на Агенцијата за млади и спорт ја искористи приликата да им додели спортска опрема на сите деца, како поддршка за се што овие спортисти прават за себе, но и за претставување на сопствената држава надвор од границите на истата.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Имено станува збор за поголема група на деца која учествува во различни спортови и тоа: пливање, фудбал, лесна атлетика и други спортски активности со кои земаат активно учество и надвор од државата, особено во земјите од Балканскиот регион.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски истакна дека ќе продолжи соработката со оваа група на спортски ентузијасти, особено кога станува збор за нивни настапи на меѓунареден план.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Мајсторија во ПМФЛ: Фудбалер на Работнички постигна гол со „ножички“ 🎥

Фудбалерот на Работнички Гандо го постигна дефинитивно голот на 21. коло ПМФЛ. Во натпрева…